РФМ ги пушти во продажба билетите за полуфиналињата на Ф4

Ракометната федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба билетите за Ф4 турнирот во Купот на Македонија кој оваа година ќе се игра во Струмица.

По минатогодишното издание во Охрид, сега турнирот ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица, а натпреварите се закажани на 17 и 18 април.

Билетите во продажба се пуштени само за полуфиналните средби, додека за финалињата дополнително ќе бидат објавени. Билетите може да се купуваат онлајн - ТУКА.

ПАРОВИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ:

Мажи 17 април:

17:00 Охрид – Пелистер

20:00 Алкалоид – Вардар

Жени 18 април

16:00 ЖРК Пелистер – ЖРК Ѓорче Петров

19:00 РК Спартак – ЖРК Чаир