Ненад Димитријевиќ во голем стил му се одмазди на тимот во кој беше - шиканиран!

Ненад Димитријевиќ одигра уште една блескава партија во Евролига и беше клучен човек во победата на Баерн Минхен на гостински терен против Олимпија Милано (94-84), тимот каде што не доби вистинска шанса.

Македонскиот репрезентативец, кој беше шиканиран од тренерот Еторе Месина, па мораше предвреме да замине во руски Зенит, сега возврати на најдобар можен начин – со одлична игра и доминација на паркетот. Димитријевиќ беше најдобар на теренот според индексот, завршувајќи го мечот со 21 индекс-поен. Покрај тоа, реализираше 15 поени, надополнети со четири скока и четири асистенции.

Двата тима сега се изедначија на табелата со скор 17-20 без никакви шанси за пласман во плејофот на едно коло до крајот од регуларниот дел од сезоната.