Дончиќ е во луда форма - постигна 60 поени против Мајами! (ВИДЕО)
Мајами имаше одличен почеток на натпреварот, ја доби првата четвртина со 42-29, но работите потоа се сменија, Лејкерс почнаа да ја топат негативата и на крајот го добија мечот со осум поени разлика.
Ова за нив беше осма победа по ред, а за ваквата серија најзаслужен е Лука Дончиќ кој игра во својата најдобра форма откако потпиша за Лејкерс.
Словенецот против Мајами даде 60 поени, имаше и седум скокови и три асистенции, уште една одлична партија имаше Леброн Џејмс кој постигна трипл-дабл со 19 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Најдобар кај Мајами беше Адебајо кој имаше 28 поени и 10 скокови.
Дончиќ е првиот кошаркар на Лејкерс кој постигнал 60 поени по Коби Брајнт во последниот свој меч во април 2016 година.
Резултати:
Шарлот - Орландо 130-111
Вашингтон - Детроит 95-117
Чикаго - Кливленд 110-115
Мајами - ЛА Лејкерс 126-134
Њу Орлеанс - ЛА Клиперс 105-99
Сан Антонио - Феникс 101-100
Јута - Милвоки 128-96
Сакраменто - Филаделфија 118-139