Барди помогна со асистенција за нов триумф на Коњаспор во Суперлигата

Фудбалерите на Коњаспор го запишаа вториот триумф по ред во Суперлигата, откако го надиграа Генчелбирлиги (1-0), а еден од најзаслужните за тоа беше македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Барди беше стартер на натпреварот за Коњаспор, а во 85. минута му асистира на Џексон Мулека за триумф од 1-0.

Македонскиот репрезентативец во турската Суперлига оваа сезона постигна четири голови и три асистенции.

Фото: Konyaspor