Спектакуларен гол во Трета лига - ваква мајсторија ретко се гледа! (ВИДЕО)

Покрај натпреварите во Првата и Втората лига викендов се играа натпревари и во Третата каде што беше постигнат и еден спектакуларен гол.

Фудбалерот на велешки Борец, Илхан Имери во победата над Тополка од 2-0 постигна фантастичен гол од слободен удар на кој можат да му позававидат прволигашите. Од тешка позиција испрати силен удар, а противничкиот голман беше немоќен да интервенира.

Имери беше стрелец и на вториот гол за својот тим.