Чупиќ ја потврди лошата вест за Комити – Хориха летово ќе замине во ПИК Сегед!
Тој тоа го објави тоа за хрватски „Спортске новости“, потврдувајќи дека уште сега се прави тим кој ќе има што да каже во Лигата на шампионите (ЛШ) следната сезона, секако ако вардарци ќе се пласираат.
„Градиме тим за новата сезона, сакаме да се вратиме во ЛШ каде што Вардар нема играно четири сезони. Поставивме цели околу новиот тим, бараме уште две засилувања и тоа би било тоа. Летовот ќе ни замине Хориха во ПИК Сегед, ама ни доаѓа словенецот Леон Љевар. Воркапиќ и Силва дојдоа порано од планираното бидејќи останавме без Талевски и Борозан. Доаѓа и Милам Бомаштар (голман – н.з.)“, изјави Чупиќ.
Хрватската легенда има одлична сезона на клупата на Вардар со кој речиси го осигура враќањето на титулата во Скопје, а во Европската лига е обезбеден директен пласман во четврт-финалето.