Лугано ѝ прави проблем на Македонија, не го пушта Алиоски!
Имено, Алиоски бил повреден и како што изјави Седлоски неговото доаѓање е под знак прашалник затоа што засега медицинскиот тим на неговиот Лугано не дозволува тој да се стави на располагање.
„Имаме одредени проблеми, повреден е Муслиу, но тренираше и играше за вториот тим, очекувам до натпреварот сепак да биде подготвени. Исто така Алиоски има повреда и медицинскиот тим на неговиот тим не дозволува да дојде во Скопје, ќе видиме што ќе кажае нашиот лекарски тим“, истакна Седлоски.
Баражот помеѓу Данска и Македонија во Копенхаген се игра на 26 март.