Српски горостас ја засилува одбраната на Вардар!

Од идната сезона ќе се зголеми српската колонија во Вардар, во Скопје ќе пристигне специјалистот за одбрана, репрезентативецот на Србија, Марко Тасиќ.

Станува збор за лев бек, но пред се ракометар на кој специјалност му е дефанзивата. Тасиќ веќе се договорил со Вардар, но останува црвено-црните да најдат заеднички јазик со Динамо Панчево, клубот каде што сега настапува српскиот ракометар и со кој има договор до 2027.

Тасиќ се истакна со одлични игри за Србија на минатото Европско првенство, особено беше добар во победата на Србите над Германија.

Интерес за Тасиќ имаше и од Партизан, како и од некои други клубови, сепак Вардар победи во трката.