„Финалисима“ се сели поради војната: Аргентина и Шпанија ќе играат во Мадрид!?
Натпреварот требаше да се игра во Доха, но поради војната на Блискиот Исток како фаворит се појави Мадрид, односно стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Шпански „АС“ објави дека стадионот на Реал е избран за домаќин, но сè уште нема официјална потврда за таква одлука од организаторот.
Аргентина и Шпанија требаше да играт во Катар, но во моментов не може да се гарантира безбедноста на фудбалерите.