Челси го бара „предавникот“ кој го објави составот осум часа пред дербито со ПСЖ

Светскиот клупски шампион Челси загуби на гости кај европскиот првак ПСЖ со 2-5 во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), но тоа што се случи на осум часа пред дербито е главна тема и денеска.

Почетниот состав на тренерот Лијам Росениор за дербито во Париз се појави осум часа пред почетокот на натпреварот, па поради тоа „сините“ ќе го бараат предавникот во своите редови.

„Не знаев за тоа. Сигурен сум дека ќе откриеме за кого станува збор. Тие работи се случуваат често. И ние добиваме информации за противниците. Повеќе ме загрижува конечниот резултат“, кажа Росениор.

Фото: Chelsea FC/Facebook