Женската ракометна селекција на поправен - не смее да се случи нова бламажа

Откако пред три дена доживеа болен од пораз од апсолутниот аутсајдер Белгија, женннската ракометна репрезентација на Македонија денеска повторно се среќава со истиот ривал.

Дуелот се игра од 17 часот во Куманово, во рамките на четвртото коло на квалификациите за Европското првенство кон крајот на оваа година. И во Белгија не беше дозволен кикс, но денеска тоа апсолутно не смее да се случи бидејќи тоа ќе значи дефинитивен колапс на оваа генерација во женската репрезентација.

Поради поразот од средата, сега е многу тешко Македонија да се надева дека може да се пласира на Европското првенство како една од најдобрите третопласирани репрезентации во групите бидејќи ќе мора да победи против Словенија или Германија во последните две кола што ќе биде екстремно тешко.

„Последните три кола го анализиравме претходниот меч, свесни сме за грешките што ги направивме. Сметам дека овој натпревар е многу поважен и ќе се покажеме во многу подобро издание. Треба да се фокусирани од првата секунда, за секој напад и секоја одбрана. Мотивацијата е на највисоко ниво и се надевам на полна сала“, изјави Јована Кипријановска пред мечот.

Во пресрет на овој дуел, Македонија е последна во групата без бодови, а за да влезе во конкуренција меѓу најдобрите третопласирани, треба да победи со повеќе од еден разлика.