Јаник Синер не се ни испоти во првиот меч на мастерсот во Индијан Велс!
Мечот траеше само 65 минути, а вториот тенисер на светот целосно доминираше против 109. играч на АТП тур. Синер во првиот сет направи два брејка, додека во вториот дури три пати му го одзеде сервисот на противникот, што беше доволно за сигурна победа и пласман во следната рунда. Италијанецот во третото коло ќе се соочи со Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој го елиминираше Аргентинецот Томас Мартин Ечевери (6-3, 2-6, 7-6).
Пласман во третото коло обезбеди и Германецот Александар Зверев, кој славеше против Италијанецот Матео Беретини со 6-3, 6-4. Зверев во следната рунда ќе игра против Американецот Брендон Накашима.
Турнирот во Индијан Велс се игра за вкупен награден фонд од 9.415.725 долари.