„Кралот“ е жив: Валверде го остави Реал во игра за титулата (ВИДЕО)
Триумфот добива на значење поради тоа што Арбелоа за овој меч не можеше да смета на дури девет фудбалери поради суспензии и повреди, па во Виго заминаа дури седуммина од школата на Реал. И во такви услови, мадридскиот тим успеа да дојде до победата и покрај тоа што уште долго ќе се анализира ситуацијата при голот за победа на Федерико Валверде во 94. минута на кој му претходеше фаул на средината на теренот кој не беше досуден.
Претходно, Чуамени го отвори резултатот, а Борха Иглесијас израмни и сето тоа се случи во првото полувреме. Во вториот дел немаше многу шанси, се до голот на Валверде кој имаше и среќа бидејќи топката се одби од Алонсо и заврши во горниот десен агол од голот на Селта.
Како и да е, Реал со оваа победа се доближи на само еден бод од лидерот Барселона која утре имаше тешко гостување кај Атлетик Билбао.