Реал ќе мора да побрза за Алегри, Милан му подготвил нов договор

„Газета дело Спорт“ тврди дека Милан планира да му понуди нов договор на својот тренер Масимилијано Алегри до 2028 година, бидејќи го гледаат како темел на својот проект.

Милан сезонава е во добра позиција да се пласира во Лигата на шампионите наредната сезона и токму тоа било повод на раководството да размислува за продолжување на соработката со Алегри. 

Пласманот во Лигата на шампионите исто така би му овозможил Милан да му понуди покачување на платата, од сегашните пет милиони евра годишно на шест милиони евра по сезона.

Од друга страна, претходни извештаи во Италија укажуваа дека иднината на Алегри во Милан по летото е неизвесна.

Според „Кориера дело Спорт“, Реал Мадрид го гледа Алегри како потенцијален кандидат за нивната клупа во сезоната 2026/2027, додека „Спортиалија“ тврди дека стратегот роден во Ливорно не бил баш во најдобар однос со управата.