Легенда на Јунајтед прво остана без Мундијал, а сега и без работа
Јорк пред 17 месеци ја презеде репрезентацијата на својата татковина Тринидад и Тобаго, а единствената цел му беше да обезбеди пласман на Светското првенство, кое благодарение на проширувањето на бројот на учесници изгледаше како лесна задача во квалификациите на Северна и Централна Америка. Задачата им беше олеснета затоа што домаќините: Мексико, САД и Канада не учествуваа во квалификациите.
Меѓутоа, Јорк и така не успеа да ја одведе својата селекција на Мундијалот, а клучниот меч кој го чинеше пласман беше реми против Јамајка во директен дуел во ноември.
Откако не ја постигна целта, Јорк доби понуда да продолжи да ја води репрезентацијата, но со намалена плата, меѓутоа ја одби таа понуда.