НБА ѕвезда заврши во полиција, возел пијан среде ноќ

Кошаркарот на Финикс Санс, Дилон Брукс бил уапсен во Скoтсдејл поради возење под дејство на алкохол, пренесува „ТМЗ Спорт“.

Според информациите од полицијата, Брукс бил лишен од слобода околу два часот наутро, а од притвор бил пуштен околу час и половина подоцна часот.

Наводно, за време на постапката, крилниот кошаркар бил пристоен и соработувал со полицијата, па затоа брзо бил пуштен на слобода. Инаку, Брукс веќе неколку недели не настапува за Санс поради повреда на раката.

Актуелната сезона за Брукс е и најдобра во неговата кариера со просек од 20,9 поени, 3,7 скока и 1,8 асистенции по натпревар. Покрај, Феникс, досега беше дел уште од Мемфис и Хјстон.