Ѓоковиќ го дозна противникот на Индијан Велс - никогаш досега не играл против него!

Полскиот тенисер Камил Мајхшак ќе биде првиот противник на Новак Ѓоковиќ на турнирот од Мастерс серијата во Индијан Велс Мастерс.

Српскиот ас беше слободен во првото коло, додека Мајхшак до дуел со Ѓоковиќ стигна по победата над Французинот Џовани Мпеши Перикар со 2-1 во сетови (6-3, 1-6, 7-5).

Полскиот тенисер во првиот сет искористи една од ретките можности за брејк, му го одзеде сервисот на Перикар и потоа сигурно го приведе сетот до крај за водство од 1-0. Вториот сет донесе сосема поинаква слика на теренот. Мајхшак значително падна во играта, што Французинот го искористи за брзо да израмни и да избори решавачки сет.

Во третиот дел од мечот Перикар прв стигна до брејк и поведе со 4-3, но потоа следуваше голем пресврт. Французинот во наредните пет гема загуби дури четири, вклучително и два на свој сервис, па Мајхшак стигна до победата.

За 57. тенисер на АТП листата ова ќе биде прв меѓусебен дуел со Ѓоковиќ и тој на програмата е в сабота.