Хаос во Монако - Мајк Џејмс нападна соиграч (ВИДЕО)
По последните поени на домашниот тим, Монако требаше да организира напад, но Ели Окобо не го стори тоа. Тој остана покрај клупата, видливо незадоволен, по што влезе во вербален конфликт со најголемата ѕвезда на тимот Мајк Џејмс. Двајцата соиграчи разменија неколку зборови, а потоа Џејмс го турна Окобо.
Другите играчи и членовите на тренерскиот штаб брзо реагираа, застанувајќи меѓу нив со што спречија ескалација на конфликтот. На крајот, Џејмс самиот го напушти теренот по уште еден пораз за својот тим.
Монако сега има скор од 16/14, а во следното коло, во кое победата е речиси императив за тимот на Василис Спанулис, го пречекува Олимпијакос на домашен терен.