Крај на сезоната за Агирезабала: Димитриевски ќе го брани голот на Валенсија

Македонскиот голман Столе Димитриевски конечно ја дочека својата шанса на голот на Валенсија и блесна по повредата на Хулен Агирезабала, а очигледно нашиот чувар на мрежата ќе остане и понатаму прв избор за „лилјаците“ затоа што неговиот колега ја заврши сезоната.

Агирезабала ќе го пропушти остатокот на сезоната поради тешка операција на левото колено, а тоа значи дека Валенсија ќе смета на Димитриевски и во наредните натпревари.

Димитриевски беше во „втор план“ пред повредата на Агирезабала поради клаузула во неговиот договор за позајмица од Атлетик Билбао, но по повредата целосно се промени ситуацијата во шпанскиот тим.

Голманот на Македонија оваа сезона настапи на 12 меча за Валенсија во сите натпреварувања, а притоа прими 12 голови и имаше пет „чисти мрежи“.

Фото: X/Valencia CF