Кошаркари „заглавија“ во Израел, затворен воздушниот простор по ракетните напади!

Хапоел Тел Авив се обидува да ги евакуира домашните, но и странски кошаркари од Израел по размената на ракетни напади со Иран.

Израел и Иран се во директен конфликт од средината на јуни минатата година, а утрово почнаа со ракетни напади на двете страни, по што возудшниот простор беше затворен.

„Спорт5“ пишува дека Хапоел се обидува да ги евакуира дел од кошаркарите со брод кон Европа.