Арсенал царува во Северен Лондон, кошмарно деби за Тудор! (ВИДЕО)

Арсенал со 4-1 победи кај најголемиот ривал, соседот Тотнем и на најдобар начин се врати по киксот со Вулвс, ова беше деби меч за Игор Тудор на клупата на Спарс.

Хрватскиот стратег, Игор Тудор имаше ужасно деби, пораз за Тотнем од најлутиот противник и тоа убедлив.

Резултатот го отвори Еберечи Езе со гол во 32. минута, но само две минути подоцна Коло Муани го изедначи резултатот на 1-1. Тоа беше исходот по првиот дел.

По две минути игра во второто полувреме Ѓокереш го врати водството на Арсенал, овојпат на 2-1, а Езе во 61. минута со својот втор гол зголеми и на 3-1.

Конечните 4-1 за Арсенал ги постави Ѓокереш во 94. минута, тој исто како и Езе постигнаа по два гола.