Феенорд неочекувано го напушти Ротердам и се пресели во Белгија поради – Стерлинг!
Тренерот Робин ван Перси потврди дека негоиот тим ќе замине на вонреден тренинг-камп во Белгија, со цел 31-годишниот крилен напаѓач да може да тренира со новите соиграчи. Причината е административна – Стерлинг сè уште нема работна виза и засега нема дозвола да тренира во Холандија.
„Во странство тоа е дозволено. Го правиме ова поради него, но истовремено сакам да работиме и на напредокот на целиот тим“, изјави Ван Перси.
Англичанецот ќе започне со тренинзи од вторник, но тренерот предупреди дека ќе биде потребно време за да ја достигне посакуваната физичка форма. Англискиот офанзивец нема одиграно официјален натпревар со месеци – неговиот последен настап датира од мај 2025 година, кога играше како позајмен фудбалер во Арсенал. Договорот на Стерлинг со Челси беше раскинат во јануари, а тој вели дека трансферот во Феенорд е свесна и мотивирачка одлука.
„Како слободен агент, за првпат по долго време можев сам да ја контролирам следната фаза од кариерата. Убеден сум дека Феенорд е место каде што можам да бидам среќен. Играњето во странство е нов предизвик – и подготвен сум за него“, порача Стерлинг.