Тиквеш лесно го победи Куманово и завери место во плејофот
Кавадаречкиот тим доминираше во текот на целиот меч, на полувремето имаа предност од 15-11, а до крајот на мечот само ја зголемија до конечни 33-26.
Најдобар на мечот беше Мартин Димовски кој постигна девет голови од исто толку обиди.
Со оваа победа Тиквеш го завери местото во плејофот на едно коло до крајот на првиот дел од сезоната.
Во последното коло Тиквеш игра со Пелистер, но резултатот од овој меч нема да биде важен за кавадаречкиот тим.