Атанасов: Го остваривме тоа што го кажав пред три дена – пехарот остана во Аеродром!

Екипата на МЗТ Скопје дојде до уште еден трофеј во низа, откако со вечерашната победа во финалето против Куманово (96-70) по 14-ти пат триумфира во Купот на Македонија.

Еуфоријата беше голема во таборот на „металците“, а меѓу најнасмеаните, разбирливо, беше тренерот Васко Атанасов.

„Тоа што го кажав пред три дена кога почнуваше турнирот – го остваривме. Пехарот останува во Аеродром. Тоа е најважното“, изјави кусо Атанасов.

МЗТ Скопје во продолжение од сезоната брка одбрана на шампионската титула, но и пласман во втората фаза од АБА2-лигата, за што им треба победа во последното коло на гости против Широки.