МЗТ постави нов рекорд - просечно ги газеше противниците со по 25 разлика
Оваа и минатата година тимот од Аеродром буквално ги прегази своите ривали за што најдобар доказ е разликата во дуелите. Лани во Гевгелија, вкупната разлика со која ја освои титулата во Купот изнесуваше 74 поени, а оваа сезона отиде чекор понапред и стигна до 75 или во просек по 25 на натпревар што е нов рекорд.
Најлошо помина Работнички во четвртфиналето кога тимот од Градски Парк беше поразен со 31 поени разлика (100-69). Од друга страна, најдобро помина Кожув, но евидентно беше дека МЗТ Скопје ги чува силите за финалето во кое го прегази МКК Куманово со 96-70 за една од највисоките победи во историјата на Купот на Македонија кога станува збор за финалните дуели.