Мeк Смит е МВП на Купот на Македонија

Американскиот интернационалец во редовите на МЗТ Скопје, Мeк Смит го однесе признанието за најкорисен играч на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Во полуфиналето и финалето тој беше најефикасен играч во редовите на МЗТ Скопје и по се изгледа тоа беше пресудно за да ја добие наградата. Во вечерашното финале, крилниот играч постигна 23 поени за 22 минути во игра, погоди три тројки од четири обиди по што беше избран за добитник на најголемото индивидуално признание.

Забележителен настап во финалето имаа и македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски кој оствари индекс 29 и Чарлс Гил кој стигна до 22.