Димитриевски ја сочува мрежата, Валенсија го доби градското дерби! (ВИДЕО)
Три многу важни бода за Валенсија против еден од конкурентите во битката за опстанок.
Македонскиот голма, Столе Димитриевски ја чуваше мрежата на Валенсија на овој меч и успеа да ја сочува, мечот го заврши без примен гол.
Рамазани во 64. минута постигна гол за водство на Валенсија од 1-0, а конечните 2-0 ги постави Садик на шест минути пред крајот.