Чурлинов влезе од клупа за резерви и запиша две асистенции (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов помогна со две асистенции во победата на Кочаелиспор против Газиантеп (3-0).

Чурлинов влезе во игра во второто полувреме, а потоа асистираше за вториот и третиот гол на Дарсун и Ривас.

Претходно, екипата на македонскиот фудбалер поведе со погодокот на Агеи во 36. минута од натпреварот.

Фото: Facebook/Kocaelispor