Силекс ја шокира Струга и му направи услуга на Вардар
Струга го презема водството во 22. минута со голот на Радески, а водството го задржа до крајот на првото полувреме.
Алиќ на почетокот на вториот дел погоди за 1-1, но Струга набрзо ја врати предноста со погодокот на Компаоре.
Радоста на домаќините не траеше долго затоа што Николовски израмни на 2-2, а потоа Португалецот Пиреш во 85. минута стрелаше за целосен пресврт.
Силекс е на четвртата позиција со 35 бодови, додека Струга е на третото место со 41 поен. Пред нив се Шкендија со 42 и лидерот Вардар со 48 бода.