Лидс го елиминира Бирмингем на пенали и избори осминафинале во ФА-купот (ФОТО)
По првото полувреме во кое мируваа мрежите, Лидс го зададе првиот удар преку Нмека во 49. минута и поведе со 1-0, но во самата завршница Робертс успеа да стрела за 1-1 и да избори продолженија.
Двете екипи се обидуваа да стигнат до победнички гол, но не успеваа во продолженијата, па осминафиналистот се решаваше на пенали каде што Лидс триумфира со 4-2.
Пласман во осминафинале обезбеди и Вулверхемптон против Гримсби со победата од 1-0 со голот на Буено.
Останати резултати:
Оксфорд Јунајтед - Сандерленд 0-1
Стоук - Фулам 1-2
Фото: Facebook/Leeds United