УФЦ-легенда излезе на слобода откако пукаше по човек кој го малтретирал син му!
Валескез излезе на слобода и тоа значи крај на тешкиот и болен период во неговиот живот, кој почна со обвинувањата за наводно малтретирање на неговиот син.
Откако му беше одбиена кауцијата, поранешниот спортист чувствувал неправда и решил да ја земе правдата во свои раце, поради што заврши зад решетки.
Инцидентот е од 2022 година, кога Веласкез дознал дека Хари Гуларте наводно го малтретирал неговиот малолетен син во градинка, поради што реши да тргне во потера и да пука по него.