Вардар го наполни голот на Работнички за нов триумф во Првата лига (ФОТО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар оствари уште една голема победа во Првата лига, откако денеска го надигра градскиот ривал Работнички со 3-0 на стадионот на ФФМ.

Вардарци имаа фуриозен почеток на натпреварот, па Закариќ прв ја затресе мрежата на Работнички во осмата минута од натпреварот, а набрзо Омерагиќ зголеми на 2-0 против екипата од Дебар Маало.

„Романтичарите“ не изгледаа добро на теренот, па наскоро тоа го казни и Цветковиќ кој во 48. минута зголеми на убедливи 3-0.

Вардар е прв на табелата во Првата лига со 48 бодови, додека Работнички е претпоследен со седум поени.