Една од ѕвездите на Ливерпул сонува да го облече дресот на Реал Мадрид
Ливерпул води преговори со Собослаи и неговиот менаџерски тим за да му ја продолжи соработката, но тоа би можело да се искомплицира доколку во трката за потписот на унгарскиот репрезентативец се вклучат „кралевите“.
„Апсолутно не ја исклучувам можноста да остане во Ливерпул и да го продолжи договорот, посебно затоа што е почитуван во тимот. Тој е важен во клубот. Имав многу близок и директен однос со Доминик уште кога беше дете, а морам да кажам дека негов сон беше Реал Мадрид“, открива Роси.
Собослаи има договорот со Ливерпул кој важи до 2028 година.
Фото: Facebook/Liverpool FC