Љубов на балкански начин: Јокиќ му удри заушка, а Дончиќ врати со - удар во мадиња (ВИДЕО)
Нивното меѓусебно задевање со години е дел од НБА фолклорот, а камерите на лигата забележаа уште една епизода за паметење. За време на заедничко фотографирање, Јокиќ застана зад Дончиќ и ја искористи неговата невнимателност за да му удри заушка, што предизвика смеа кај сите присутни. Лука реагираше во свој стил – со насмевка и шега – но овојпат не остана должен. Словенецот веднаш возврати и го удри Јокиќ во меѓуножјето, додека останатите играчи од страна со смеа ја следеа размената.
Ваквите сцени не се ништо ново. Јокиќ и претходно знаел да „упадне“ на прес-конференција на Дончиќ или да го полеe со вода, па ни овој Ол-стар викенд не помина без нивната препознатлива динамика. Двајцата продолжија со шегите и во соблекувалната, откако НБА повторно ги смести еден до друг.
„Мислат дека сме најдобри пријатели, па постојано нè ставаат да седиме еден покрај друг. Ние мораме да бидеме пријатели дека сме браќа“, изјави Јокиќ низ смеа.
Дончиќ веднаш возврати во ист тон.
„Не, не ми е убаво покрај братот. Не знам зошто постојано нè ставаат заедно“, се пошегува Словенецот.
Јокиќ и Дончиќ ќе настапат за Тим Светот, кој ќе се обиде да им се спротивстави на двете американски селекции и уште еднаш да покаже колку интернационалните играчи доминираат во денешната НБА лига.