Елмас асистираше, Наполи извлече бод, но е сѐ подалеку од „Скудетото“ (ВИДЕО)
На домашен терен, Наполи вечерва одигра само 2-2 со Рома, а ремито не му одговара на ниеден од двата тима. И едните и другите имаа шанса да стигнат до целиот плен, но не ги искористија своите шанси, па мораа да се задоволат само со бод.
Рома беше нешто поблиску до триумф затоа што во два наврата се наоѓаше во водство. Резултатот го отвори Мален уште во седмата минута, а на израмнувањето се чекаше до 40. минута кога на асистенција на Елиф Елмас, Спинацола ја смести топката во противничката мрежа.
Во второто полувреме слична ситуација. Повторно Мален ја доведе Рома во водство, од пенал, а за ремито се погрижи Алисон Сантос на осум минути пред истекот на основните 90.