Огромен интерес за куп-финалето – на едно столче седат (најмалку) по двајца (ФОТО)

Како се приближува времето за почеток на финалната пресметка од Купот на Македонија во кошарка помеѓу МЗТ Скопје и Куманово, станува јасно дека атмосферата во кумановската сала ќе биде пеколна, бидејќи на половина час пред почетокот нема ниту игла каде да падне на трибините.

Уште сега капацитетот дефинитивно е надминат, се седи по (најмалку) двајца на едно столче, а се користи секој празен простор за стоење. Кумановци вечерва дефинитивно ќе ја наполнеа дури и „Медисон Сквер Гарден“ со оглед на огромниот интерес во градот, а дефинитивно мал ќе им беше и фудбалскиот стадион во градот.

Куманово со победите над Пелистер и ТФТ дојде до шанса да се бори за првиот трофеј во историјата, додека МЗТ Скопје лесно ги мина Работнички и Кожув и игра за 14. трофеј во ова натпреварување.