Чкембари: Не може луѓе да земаат слободни денови и да патуваат со километри за да седат пред врата!
Навивачите од Битола беа вклучени во инцидент пред почетокот на дуелот поради што и натпреварот беше во прекин.
„Навивачката група Чкембари остро реагира на настаните што се случија вчера при нашиот влез во салата во Куманово, кога на веќе пријавено и одобрено гостување во МВР ни беше соопштено дека не можеле да ни гарантираат безбедност и поради тоа не бевме примени. Недозволиво е луѓе да земаат слободни денови, да губат од својата работа, да патуваат стотици километри со љубов кон клубот, за на крај да останат пред врата. Ова не е организациски пропуст, ова е непочит кон навивачите.
Безбедноста не смее да биде изговор за импровизација и недоследност. Ако гостувањето е дозволено и потврдено, тогаш мора да постојат услови тоа да се реализира. Сè друго е срамота и понижување за сите што живеат за клубот.
Очекуваме јасно објаснување и одговорност за оваа одлука, како и гаранции дека вакви ситуации нема да се повторат. Трибината не се замолчува со затворени врати“, стои во нивната реакцја.
Денеска од СВР Куманово потврдија и дека еден навивач во вчерашниот натпревар бил и уапсен.