Купот продолжува со нови битки, денеска ги дознаваме финалистите!
Вчера се во четвртфиналето се одиграа четири натпревари, сите во Куманово, а денеска на програмата се два и тоа од 17:00 и 19:30 часот.
Во првото полуфинале силите ќе ги одмерат МЗТ и Кожув, екипи кој во минатогодишното издание играа во финалето, тогаш аеродромци славеа убедлива победа. Фаворит МЗТ е и денеска, а дополнтелен проблем за Кожув е што не може да смета на Вашингтон, нивниот најдобар кошаркар. Сепак треба да се знае и дека се засилија со Никола Василевски од ТФТ.
Но, дали тоа ќе биде доволно за МЗТ кој сезонава нема пораз на терен и единствениот го загуби службено поради административна грешка со Ангели тешко е да се каже. Во тимот од Гевгелија се надеваат и на повторување на играта од Суперкупот каде што загубија, меѓутоа добро го намачија фаворитот.
Второто полуфинале според очекувањата треба да биде далеку понеизвесно бидејќи се среќаваат две екипи со сличен квалитет, Куманово секако ќе ја има поддршката иа на домашниот терен. Во ТФТ сигурно се многу мотивирани да дојдат до своето прво куп-финале во историјата. Во првенството ТФТ игра во одлична форма и единствениот пораз им е од МЗТ и тоа секако им дава за право да се надеваат.
Победниците од овие два дуели финалето ќе го играат утре од 19:00 часот.