Атрактивната свршеница на Џејк Пол е голема надеж на Холандија за злато во Кортина (ФОТО)

По разочарувачкиот почеток на Зимските олимписки игри во Милано, сите надежи на холандската клизачка репрезентација се насочени кон Јута Лердам. 

Очекувањата се дека двојната светска шампионка и освојувачка на сребро од 2022 година, денеска ќе го донесе првиот медал за оваа земја и тоа на трката на 1000 метри.

На Инстаграм има пет милиони следбеници, кои редовно ја следат со провокативни фотографии од нејзиниот спортски и приватен живот, а многумина ја сметаат за „најсексапилната спортистка на светот“.

На Зимските олимписки игри пристигна и со приватен авион, а исто така и посебно внимание привлекува затоа што е свршеница на јутјуберот и боксер, Џејк Паул кој неодамна од борбата со Ентони Џошуа заработи 115 милиони евра.

Лердам има 27 години и од 17:30 часот ќе тргне во лов на своето прво олимписко злато, но на патот до него ќе се соочи со жестока конкуренција, а главна ривалка се очекува да ѝ биде бранителката на златниот медал, Јапонката Михо Такаги.