Лидерот на табелата во Првата лига, екипата на ТФТ потешко од очекувањата, но сепак славеше победа над Маџари во денешниот натпревар од 15. коло со 111-90.

Домаќините тргнаа добро во натпревар и беа рамноправен противник на фаворитот. ТФТ во вториот период првпат успеа набрзина да дојде до двоцифрена разлика (40-30), сепак Маџари многу брзо се врати во натпреварот, па на пауза замина и со предност од 52-47.

Предноста ја одржуваа се до завршницата од третиот период кога гостите направија пресврт и поведоа со 76-71, резултат со кој се влезе во последната четвртина.

Тука кошаркарите на Маџари како да загубија сили и целосно се распаднаа, па на крајот ТФТ славеше и убедливо.

Армстронг од редовите на Маџари беше најрасположен со 26 поени, додека кај ТФТ неговиот сонародник Стенли броеше до 20.