Миовски стрелаше за 7+ за Ренџерс! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски постигна гол во победата на Ренџерс над Квинс Парк од 8-0 во меч од осминафиналето на шкотскиот куп.

Миовски беше стартер на натпреварот, а погодокот го постигна дури во 80. минута кога Ренџерс веќе водеа со 6-0.

Македонецот погоди со глава за водство на Ренџерс од 7-0. До крајот домаќините постигнаа уште еден гол и славеа со 8-0.

Миовски го одигра целиот натпревар.