Македонските напаѓачи расположени: Стрелаше и Ристовски! (ВИДЕО)

По Елмин Растодер и Бојан Миовски денеска гол постигна и Милан Ристовски во Чешка за кого ова беше прв погодок на клупски план по пауза од четири месеци.

Во дуелот против Пардубице Ристовски во игра влезе во 76. Минута од средбата на местото на Кадлец кога неговиот тим веќе имаше негатива од 2-0. Македонскиот нашаѓач успеа само да го ублажи поразот со погодокот во првата минута од судиското продолжение.

За Ристовски ова беше втор гол сезонава во чешката првенство, претходниот го постигна на крајот од септември.