Бризи Џонсон го освои олимпискиот спуст - злато за САД!

Американската скијачка, Бризи Џонсон го освои златниот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) откако победи на спуст трката во Кортина.

Спустот започна лошо за Американците откако Линдзи Вон имаше страшен пад кој ја засени трката, сепак на крајот нивна скијачка го освои златниот медал.

Бризи Џонсон до победата стигна со време од  1:36,10.

На второто место се пласира Ема Аичер од Германија, додека на подиумот заврши и домашната претставничка Софија Гоџа која го донесе четвртиот медал за Италијанците на овие игри.