Шошкиќ воодушевува во САД: Македонецот делеше цепелини! (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар, Андреј Шошкиќ игра одлично во НЦАА лигата, како што одминува сезоната тој се промовира во еден од лидерите на Стони Брук.

Шошкиќ игра со се поголема самоверба, а со тоа се зголемува и неговата атрактивност на натпреварите. Сивулфс синоќа се вратија на победничките патеки откако славеа на домашен терен против со 69-55, а нашиот кошаркар повторно беше еден од најдобрите. Заврши како втор стрелец со 10 поени што е седми меч во низа со двоцифрен ефект, а имаше најмногу асистенции од сите -  пет.

Две од нив беа мајстории, со своите соиграчи направи цепелини кои ги возбудија и навивачите, но и коментаторите на овој натпревар.

Стони Брук сега е на четвртото место во својата конференција со биланс 7/5, а има доволно време да се избори дури и за втората позиција.