Државата нема да урива во Стенковец!

Разумот надвладеа, власта одлучи да не го урива бесправно изградениот објект во Стенковец туку да го заплени и во иднина да го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Неизвесна беше иднината на објкетот во Стенковец кој беше нелегално изграден, се предвидуваше негово рушење кое требаше да започне во понеделник, сепак во последен момент е донесена одлука која е многу покорисна.

Во координација на повеќе институции, Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец 

„Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата, со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби. Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност“, обелодени министерот за транспорт Александар Николоски.