Интер ја наполни мрежата на Сасуоло пред дербито со Јувентус (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер без поголеми проблеми славеа победа над Сасуоло на гости со 5-0 во натпревар кој го играа пред дербито со Јувентус во наредното коло.

Победата на Интер беше најавена уште во првото полувреме кога Бисек прво го отвори резултатот во 11-тата минута, а потоа Турам во 28-та минута се погрижи за 2-0.

Каде што застана Интер во првото, продолжи во вториот дел. Во четири минути во 50-тата и 54-тата минута Лаутаро и Аканџи се погрижија за веќе високи 4-0. Конечните 5-0 во самата завршница ги постави Луис Енрике.

Навивачите на Интер може да ги радува и ефикасноста на комплетниот тим бидејќи петте погодици ги постигнаа пет различни стрелци.