Атлетико поради милиметарски офсајд загуби од Бетис (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалерите на Бетис приредија изненадување и во рамките од 23. Ла Лига славеа победа над Атлетико Мадрид со 1-0 на „Ванда Метрополитано“.

Бетис сезонава е едно од пријатните изненадувања во Шпанија и по овој триумф се наоѓа на петтата позиција, а дека не е случајно докажаа и со играта која ја прикажаа во денешниот дуел.

Двете екипи од почетокот на мечот содаваа свои прилики, а една од нив реализираа гостите и тоа преку Бразилецот Aнтони во 28-та минута.

Во второто полувреме Атлетико тргна по израмнувања и мрежата на гостите двапати се тресеше, меѓутоа и во двете ситуации имаше офсајд. Најмногу внимание привлече втората кога во 82. минута голот на Гризман беше поништен поради неколку милиметри.