Дијаз и Кејн го водеа Баерн до нова победа (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше уште една убедлива победа во Бундеслигата откако денеска со 5-1 го декласираше Хофенхајм.

И во овој натпревар повторно за Баерн блескаа Хари Кејн и Луис Дијаз, англискиот голгетер беше стрелец на два гола, додека Дијаз запиша хет-трик. Двата гола Кејн ги постигна во првиот дел и тоа двата беа од белата точка во 20-тата и 45-тата минута. Во финишот од првиот дел погоди Дијаз за 3-1, голот за Хофенхајм претходно го постигна Крамариќ.

Во вториот дел Дијаз со уште два гола само го потврди новиот триумф на Баерн. Треба да се каже и дека во 17-тата минута кај гостите исклучен беше Акпогума.