Бадијала евроголот на Собослаи: Сити со пресврт го урна Ливерпул! (ВИДЕО)

Манчестер сити со пресврт и со 2-1 славеше победа во дербито на колото во Премиер лигата против Ливерпул на „Енфилд“.

Првото полувреме помина во иницијатива на гостите од Манчестер, „граѓаните“ создадоа повеќе прилики пред голот на Алисон, додека Ливерпул ретко се закануваше.

Сепак, пред голот на Донарума во завршницата од првиот дел видовме и една спорна ситуација откако во шеснаесетникот беше срушен Мохамед Салах. Ван Дајк со глава ја испрати топката кон Египќанецот кој по контакт со Бернардо Силва падна, меѓутоа ниту судијата, ниту ВАР не се огласија.

Во второто полувреме сликата се промени, Ливерпул како да се разбуди и почна повеќе да се игра пред голот на гостите.

Најголемите возбудувања дојдоа во завршницата кога, Доминик Собослаи постигна фантастичен гол од слободен удар во 74. минута за водство на Сити. Сепак, тоа не беше доволно за три бода затоа што Силва од првата посериозна прилика за Сити во вториот дел донесе израмнување десет минути подоцна.

Не застанаа „граѓаните“ тука, тргнаа и по целосен плен, па во третата минута од судиското продолжение, Халанд по асистенцијата постигна и гол од пенал за радост на својот тим. Во последните моменти од средбата Собослаи на сето тоа заработи и директен црвен картон по еден дуел со Халанд.