Димитриевски ја доби првата битка со Мбапе (ВИДЕО)
Во 19. минута Килијан Мбапе доби одлична топка од Арда Ѓулер во шеснаесетникот на Валенсија, Французинот силно шутираше, но Димитриевски не дозволи да биде совладан меѓу нозе.
На социјалните мрежи веќе почнаа да се шегуваат дека македонскиот голман се претвора во Мануел Нојер секогаш кога игра брани против Реал. Во првиот половина час, тој веќе собра три одбрани.